Роналдо пристигна во Манчестер и веднаш се сретна со Оле Гунар Солскјер (фото)

Кристијано Роналдо нема да настапи за Португалија на денешниот дуел со Азербејџан откако големиот ас доби дозвола од селекторот Сантош предвреме да го напушти националниот камп и да се упати кон Манчестер.

Португалецот пред самиот крај на преодниот рок потпиша за Манчестер Јунајтед, лекарските прегледи ги мина во Лисабон, а дури денеска се врати назад во градот во кој живееше до пред 12 години.

Тој веднаш се упати кон тренинг-базата Керингтон, каде се сретна со Оле Гунар Солскјер, Норвежанецот кој на почетокот од кариерата му беше соиграч во Јунајтед, а сега е менаџер на „црвените ѓаволи“.

Кристијано Роналдо своето деби по камбекот во поранешниот клуб би требало да го има в сабота, кога Јунајтед ќе го пречека тимот на Њукасл.

Се вчитува...