Роналдо проба нешто невозможно, па се посрамоти… (ВИДЕО)

Градското дерби во италијанскиот шампионат предизвика внимание кај спортската јавност, на мегдан се сретнаа Јувентус и Торино.

Победата ја презеде „старата дама“ по супер успешен пресврт, а Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието. Имено, тој досега успеа да постигне неверојатни 750 голови во својата кариера, а веќе на самиот старт на мечот беше презадоволен од престижното достигнување, па се обиде да го изненади голманот на гостите, упатувајќи удар од центарот на теренот.

Роналдо не успеа во својот обид, а статистиката на крајот од натпреварот покажа дека тој не упатил ниту еден удар кон голот на ривалот за време на целиот натпревар.

 

Се вчитува...