Кристијано Роналдо го продолжува бојкотот и ќе пропушти втор натпревар по ред за Ал Наср.
Славниот Португалец е незадоволен од својот статус во Саудискиот инвестициски фонд, кој управува со сите клубови и кој, според Роналдо, го фаворизира Ал Хилал.
Доколку ситуацијата не се промени, Роналдо ќе ја напушти Саудиска Арабија и покрај огромните приходи. Последната капка беше трансферот на Карим Бензема од Ал Итихад во Ал Хилал.
Роналдо објави фотографија од тренингот на тимот, но на официјалниот X профил на Ал Наср, Португалецот не се појавува на фотографиите со тренерот Жорже Жесус и соиграчите.
Португалецот пристигна во Ал Наср во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

