Роналдо разочаран од колегите и Јунајтед: Враќањето на „Олд Трафорд“ беше катастрофална одлука!

Кристијано Роналдо своето враќање на „Олд Трафорд“ го опишал како „катастрофално“ во новата книга „Меси VS Роналдо, едно ривалство“.

Португалецот бил шокиран од недостатокот на инвестиции во тренинг центарот на клубот, но и од однесувањето на неговите соиграчи.

Според книгата, која излегува од печат следниот месец, Роналдо се пожалил на член на ФИФА на висока позиција посебно за преодниот тренер Ралф Рангник, но и за недостатокот на прогрес во клубот кој го напушти во 2009 година.

Оваа сезона со новиот менаџер работите за Роналдо се уште полоши, па се очекува во јануари тој да го напушти Манчестер Јунајтед.

 

 

Се вчитува...