Роналдо разочаран: Ваква игра никогаш повеќе!

Јувентус синоќа забележа тежок пораз од Фиорентина, а Кристијано Роналдо очигледно не е задоволен од тоа.

Португалецот преку социјалните мрежи испрати порака до навивачите за крајот на оваа година и изрази големо незадоволство што заврши со пораз од 3-0 во Торино од Фиорентина, во натпревар во кој неговиот Јувентус беше голем фаворит.

„Вчера, со лоша игра и резултат далеку од прифатлив, го завршивме распоредот на натпревари за 2020 година. Ова беше посебна година која помина на многу специфичен и тежок начин. Празни стадиони, протоколи за КОВИД, одложени натпревари, долги прекини и многу густ распоред. Но, ова не е оправдување за ништо. Знаеме дека треба да дадеме повеќе од себе за да играме подобро и да победуваме поконстантно. Ние сме Јувентус! И едноставно не можеме да прифатиме ништо помалку од совршенство на теренот. Се надевам дека оваа кратка пауза ќе ни помогне да се вратиме посилни и поуспешни од кога и да е, бидејќи сезоната сè уште не е завршена, а ние веруваме дека уште еднаш ќе славиме на крајот од сезоната со навивачите. Верувајте ни, верувајте му на нашиот тим како што ви веруваме, ние ќе ви се оддолжиме“, рече Роналдо.

Овие зборови сигурно ги охрабрија сите навивачи на Јувентус пред остатокот од сезоната, па останува да видиме Пирло и Јуве што ќе променат и каква игра ќе прикажат во 2021 година.

Се вчитува...