Роналдо, Роналдињо и Бекам ја решија вечната дилема: Меси или Роналдо!?

Вечна е дилемата кој е најдобриот фудбалер на денешницата, Роналдо или Меси? Свое мислење околу ова истакнаа Бразилците Роналдо и Роналдињо како и Дејвид Бекам.

„Меси или Роналдо? Меси. Би сакал да продолжев со него да играм. Немавме доволно време заедно. Беше многу млад. Би сакал уште еднаш да истрчам на терен и да заиграм со него“ – вели 40-годишниот Роналдињо, дополнувајќи:

„Најдобар е во историјата, нема сомнеж. Никој не постигнал тоа што го постигна Меси. Роналдо е комплетен, се има, но повеќе го сакам стилот на Меси“.

Роналдо, исто така својот глас го дава за Меси…

„Меси како да не е од овој свет. И Кристијано е посебен, но Лео ми делува далеку покомплетен од Роналдо“.

Фудбалската икона Дејвид Бекам исто така утврди дека ѕвездата на Јувентус не е на нивото на Меси.

„Веројатно одлучив да се повлечам од фудбалот кога Меси почна да трча покрај мене“ – признава Бекам.

Се вчитува...