Роналдо се согласил на помала плата во Јувентус

Јувентус ќе ги намали платите на сите фудбалери за периодот во кој шампионатот е во прекин, откако и Кристијано Роналдо дал зелено светло за помош за надминување на кризата. Голем дел од играчите уште пред неколку дена дале согласност за ваков потег, но се чекало на Роналдо, кој се наоѓа во својот дом во Португалија, за одлуката да биде колективната, од целокупниот играчки кадар и стручниот штаб на италијанскиот првак.

Португалецот се согласил да се откаже од 3,8 милиони евра, најмногу од сите фудбалери, со оглед на фактот дека е и убедливо најплатен играч на „старата дама“. Парите ќе бидат наменети за покривање на приходите на сите административци во Јувентус, како и луѓето вработени во хотелот и стадионот на најтрофејниот италијански клуб.

Весникот „Тутоспорт“ обелодени дека иницијатор на идејата бил Џорџо Кјелини, искусниот дефанзивец самиот им се јавил на повеќе од половина од првотимците, убедувајќи ги тимот самиот да се понуди за намалуваање на платата пред клубот да го побара тоа од нив. Тој веднаш бил поддржан од Буфон и од Бонучи, потоа и од остатокот од првотимците, за со вклучувањето на Роналдо во целата идеја „црно-белите“ да излезат со колективен став за помош на останатите вработени во клубот.

Се вчитува...