Роналдо се врати, Јунајтед доби „шампионски шмек“ … Сити минимално со Лестер, Арсенал го доби „дербито“ со Норич (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го совлада Њукасл со 4-1 во првиот натпревар на Кристијано Роналдо по враќањето на „Олд трафорд“. Португалецот беше стрелец на два гола, додека третиот за „црвените-ѓаволи“ на маестрален начин го постигна Бруно Фернандеш. Во листата на стрелци се запиша и Џеси Лингард кој исто така постигна прекрасен погодок. Единствениот погодок за Њукасл беше дело на Манкиљо.

Манчестер сити дојде до важна победа на гостувањето кај Лестер со 0-1. Херој за „граѓаните“ беше Бернардо Силва.

Арсенал конечно победи откако минимално триумфираше против Норич со 1-0.

ПРЕМИЕРЛИГА РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО: 

Манчестер Ј. – Њукасл 4-1

Лестер – Манчестер С. 0-1

Арсенал – Норич 1-0

Брентфорд – Брајтон 0-1

Саутемптон – Вест Хем 0-0

Вотфорд – Вулверхемптон 0-2

 

 

 

 

 

Се вчитува...