Роналдо сега е вистински „пеналдо“: Најмногу голови од пенал во историјата на Примера

Португалецот Кристијано Роналдо од фановите на кои не им е омилен го доби и прекарот „пеналдо“, поради изведувањето на ударите од белата точка. По вечерашниот дуел на „Ел Мадригал“, Роналдо стана вистински „пеналдо“. Тој е фудбалерот со најголем број на постигнати голови од пенал во историјата на Примера, вкупно 57.

На дуелот со Вилјареал (2-3) постигна погодок од пенал за израмнување на резултатот, во 74.минута, а девет минути подоцна Мората донесе триумф за „кралевите“. Вилјареал имаше водство од 2-0 во второто полувреме, но тимот на Зинедин Зидан се врати со неверојатен пресврт.

Роналдо на листата на „пеналџиите“ го надмина некогашниот голгетер на Реал Мадрид, Хуго Санчез, кој има постигнато 56 погодоци од белата точка.

Се вчитува...