Роналдо: Сер Алекс за мене е како татко, тој е главната причина за враќањето во Јунајтед

Кристијано Роналдо по 12 години се врати на местото каде го доби статусот – еден од најдобрите во историјата на фудбалот и во следните две сезони повторно ќе постигнува голови во дресот на Манчестер Јунајтед.

Легендата на „црвените ѓаволи“ очајно бараше излез од Торино ова лето, а една од дестинациите која се споменуваше беше Манчестер Сити се додека не се појавил Сер Алекс Фергусон кој брзо ги променил приоритетите на Поргугалецот.

„Потпишав за Јунајтед кога имав 18 гоидни и Сер Алекс беше причината за тоа. Добро се сеќавам кога играв за Спортинг против Манчестер Јунајтед. За мене Сер Алекс е фудбалски татко, многу ми помогна. Ме научи на многу работи. Постојано сме во контакт и тој е неверојатен човек. Тој беше и главната причина за моето враќање во Манчестер Јунајтед“, изјави Роналдо.

Се вчитува...