Роналдо си доби нов тренер во Ал Наср

Клубот од Саудиска Арабија кој го привлече вниманието на светската фудбалска јавност со големиот број на потписи на фудбалери меѓу кој и Кристијано Роналдо, Ал-Наср го претстави својот нов тренер.

Се работи за португалскиот стратег Луис Кастро кој ќе го води богатиот тим во следната сезона. 61-годишниот стручњак претходно во кариерата работеше во голем број клубови, а во Саудиска Арабија доаѓа од редовите на Ботафого.

Кастро ќе има за цел во новата сезона клубот предводен од Кристијано Роналдо да го одведе до титулата во Премиерлигата на Саудиска Арабија.

Се вчитува...