Роналдо со четири телохранители, никој не смее да му се приближи на 10 метри

Португалската репрезентација пристигнаво Сплит, каде утре ќе се пресмета со селекцијата на Хрватска, а најголемо внимание од сите вообичаено привлече Кристијано Роналдо.

Сепак, „суперѕвездата“ на Јувентус остана недостапна за малубројните фанови и за новинарите, Кристијано последен излезе од авионот, а крај него се најдоа дури четири телохранители. Воедно, Португалците бараа целокупната експедиција да има лица за обезбедување кои ќе се грижат никој да не се приближи на десет метри до Роналдо и соиграчите.

Ова е време на коронавирус, мораме да бидеме крајно внимателни“, порачале од португалскиот табор.

Воедно, од Португалската Фудбалска Федерација инсистирале од хотелот каде ќе бидат сместени прозорците да бидат покриени, за од надвор да не може да се направат фотографии од актуелните европски шампиони.

Се вчитува...