Роналдо со порака до неговата мајка: Ти забранувам да ги гледаш натпреварите во Англија

Кристијано Роналдо бара од својата мајка Долорес да не ги гледа натпреварите во Англија. Светот го чека новото деби на Кристијано Роналдо за Манчестер Јунајтед и тоа треба да се случи претстојната сабота на натпреварот против Њукасл.

Според „Daily Mail“, мајката на Роналдо, Долорес, изгледа нема да биде повеќе на трибините, а Роналдо откри дека поради здравјето и забранува на мајка си да доаѓа на стадионите.

„Не и дозволувам да гледа големи натпревари … Веќе и кажав: Слушај, јас веќе немам татко. Не сакам уште да ја изгубам i мајка ми. Постојано е нервозна додека ме гледа на теренот, но не разбирам зошто. Таа е сега е опкружена со пријатели за време на натпреварите и оди на прошетка во близина на куќата. Таа двапати се онесвести на стадионот додека ги гледаше моите натпревари. Нервозна е …”, изјави Роналдо.

Се вчитува...