Роналдо со порака до Солскјер: Среќно пријателе, ти посакувам се најдобро во животот

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо му посака се најдобро во продолжението на кариерата на сега веќе поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Норвешкиот стручњак доби отказ во неделата, по тешкиот пораз од Ватфорд (4-1).

Преку социјалните мрежи јавно му се обрати и Кристијано Роналдо:

„Оле беше напаѓач кога првпат дојдов на ‘Олд Трафорд’. Тој беше тренер кога се вратив во Манчестер Јунајтед. Оле е, пред сè, извонредно човечко суштество. Му посакувам се најдобро во остатокот од животот. Со среќа пријателе”, напиша Роналдо.

Португалецот летово се врати во редовите на „црвените ѓаволи“ и досега неколку пати со своите голови го „спасуваше“ Солскјер. На 13 натпревари за Јунајтед оваа сезона, Роналдо постигна девет гола.

 

 

 

Се вчитува...