Роналдо со последен поздрав до Кралицата Елизабета: Плачам заедно со земјата што ја нарекувам свој дом…

Кристијано Роналдо преку емотивна порака се прости од Кралицата Елизабета, која почина вчера на 96-годишна возраст. Во Велика Британија се прогласени денови на жалост, веќе се откажани сите спортски настани што требаше да се одржат викендов, додека целокупната јавност тагува по жената која седум децении беше на чело на „обединетото кралство“.

„Седум години од мојата кариера минав во Премиер-лигата, ова ми е осма година како живеам во Англија. Во овие години, на најдобар можен начин посведочив за целосната љубов што Велика Британија ја имаше кон Кралицата Елизабета и колку многу Нејзиното Височество беше секогаш тука за својот народ. Со голема почит кон спомените и тага за ненадоместливата загуба на земјата што ја нарекувам свој дом. Моите мисли и молитви се со кралското семејство“, напиша Кристијано Роналдо на своите профили на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...