Роналдо својот 100. гол во Премиер-лигата го посвети на починатиот син (ФОТО)

Арсенал и Манчестер јунајтед играат крајно неизвесен натпревар во рамки на Премиер-лигата, а по првото полувреме домаќините водат со 2-1.

По катастрофалниот старт за „црвените ѓаволи“ каде што Топчиите поведоа со головите на Нуно Тавареш во 2′ и Букајо Сака во 31′ минута, работите се сменија

Голот за намалување на негативата на гостите дојде преку Кристијано Роналдо само неколку мигови по зголемувањето на водството на Арсенал, а голот го посвети на својот починат син кој што не го преживеа породувањето.

Со овој погодок, Португалецот влезе во навистина елитно друштво кој постигнал 100 погодоци за Манчестер јунајтед, а им се приклучи на Рајан Гигс, Пол Сколс и Вејн Руни.

 

 

 

Се вчитува...