„Роналдо ужива во приказните дека е стар, ќе ви покаже што може да направи“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека Кристијано Роналдо не доаѓа да седи на клупата, туку да го направи тимот подобар на теренот. Вистински фудбалски спектакл се случи на крајот од овој летен трансфер период, откако беше и официјално објавено дека 36-годишниот португалски фудбалер ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ истакна дека сите во клубот се возбудени поради доаѓањето на Португалецот, па со нетрпение чекаат Роналдо да им се придружи во тимот.

„Секако дека сме возбудени поради доаѓањето на Кристијано. Се надеваме дека документацијата ќе биде завршена наскоро и дека многу брзо ќе ни се придружи. Тој е победник и одличен човек. Играчите и навивачите се возбудени за она што следува, а јас сум среќен што го зајакнуваме тимот. Роналдо ќе донесе нешто сосема поинакво“, изјави Солскјер.

Роналдо претходно го носеше дресот на англискиот клуб од 2003 до 2009 година, а потоа замина во Реал Мадрид и испиша историја.

„Роналдо напредуваше неверојатно, имаше неверојатна кариера. Исто така, сигурен сум дека тој ги сака приказните дека е премногу стар. Нека го нападнат нашите противници, па тој ќе им покаже што може да направи. На сите треба да им биде едно јасно – Роналдо не доаѓа да седи на клупа, туку да го направи тимот подобар на терен“, зкалучи менаџерот на Јунајтед.

.

Се вчитува...