Роналдо во Дубаи „продефилира“ со часовник од вистинско богатство

Деновиве во Дубаи се одржа церемонијата на „Глоуб Фудбал“, на која, меѓу другото, беше избран и најдобриот играч на векот. Наградата за најдобар фудбалер на векот му беше доделена на Кристијано Роналдо, кој присуствуваше на доделувањето на наградите.

Роналдо беше придружуван од неговата сопруга. Ѓорѓина Родригез и синот Кристијано Џуниор. Португалецот се најде во центарот на вниманието поради неговиот стајлинг, а особено поради часовникот што го носеше.

Имено, Роналдо реши да се пофали со луксузен часовник дизајниран од „Франк Милер“. Часовникот има дури 600 дијаманти и чини неверојатни 1,5 милиони евра. Вкупно се направени шест такви часовници во светот, а Роналдо е еден од сопствениците и гордо го покажа тоа.

Се вчитува...