Легендата на бразилскиот фудбал Роналдо да Лима, пред извесен период стана доминантен сопственик на бразилскиот тим Крузеиро. И веднаш воведе промени во тимот и тоа драстични.
Најпрво го смени тренерот, легендарниот Вандерлеј Луксембурго кој ќе мора да побара нов клуб. Потоа се одлучи за драстичен потег. На состанокот со играчите и сите вработени, им соопшти дека ќе ги намали платите, и ќе има огромни резови.
Минатогодишниот буџет на клубот за плати беше 4,5 милиони долари, а Роналдо одлучил дека за плати ќе бидат потрошени сами 1,8 милиони долари.
Секој играч ќе има разговор со раководните лица на клубот, а оние кои нема да се согласат на намалување на платата, ќе може да си оди од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА