Роналдо во само еден меч даде повеќе гола од Арсенал цела сезона!

Кристијано Роналдо на маестрален начин го имаше својот камбек во Премиерлигата, откако во првиот меч по враќањето во Манчестер јунајтед беше стрелец на два гола во победата на неговиот тим над Њукасл од 4-1.

Интересен е податок дека Арсенал кој денеска стигна до својата прва победа сезона над Норич од 1-0 од почетокот на сезоната има постигнато помалку голови (вкупно 1) во четири натпревари, од Кристијано Роналдо кој веднаш на своето деби постигна два.

Арсенал се наоѓа во лоша ситуација, но денешната тешка победа над Норич треба да ја врати барем за кратко среќата на лицата на навивачите на „топчиите“.

 

Се вчитува...