Роналдо заврши работа за половина час, Јуве не се откажува лесно од „скудетото“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо по критиките од јавноста по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите, ги одигра најдобрите половина час сезонава во дресот на Јувентус. Откако прво се извади по еден груб старт да не добие директен црвен картон, Португалецот во периодот од 10. до 32. минута постигна хет-трик со што ги разреши сите дилеми околу победникот.

До крајот домаќинте успеаја само да го ублажат поразот со голот на Симеоне во 61. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...