„Росонерите“ на шопинг во Ливерпул – Во Милано доаѓа нов играч за врска

Тимот на Милан е во тесна битка за „скудетото“ оваа сезона во Серија А, но раководството на клубот размислува и за нови засилувања за следната сеозна. „Росонерите“ силно се заинтересирани за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита.

Според „Газета дело спорт“, ваквата желба Милан може лесно да ја оствари, имајќи предвид дека Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“. Тој не е задоволен од минутажата во составот на Јирген Клоп и е подготвен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Ваквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, кој ќе се пресели во Барселона.

Се вчитува...