„Росонерите“ во шок: Донарума одби нов договор и си оди

Џанлуиџи Донарума во текот на летниот преоден рок ќе си замине од Милан, откако суперталентираниот голман ја одби понудата за продолжување на соработката со својот сегашен клуб. Иако пред неполни 24 часа најавуваше дека останување во таборот на „росонерите“ му е приоритет, доаѓањето на неговиот агент Мино Раиола ја промени ситуацијата.

Раиола денеска неколку часа преговараше со раководството на Милан, за на крајот да биде обелоденето дека понудата на „росонерите“ е одбиена.

Испративме богата понуда за Донарума, голманот ја разгледа и ни соопшти дека нема да ја прифати и нема да потпише нов договор со нас. Секако дека сме разочарани, но мора да гледаме напред“ – изјави директорот на Милан, Марко Фасоне.

Актуелниот договор на талентираниот голман истекува во јуни 2018 година, па јасно е дека „росонерите“ летово ќе го продадат за да не ризикуваат тој наредното лето да си замине без никаква отштета. Реал Мадрид се интересира за овој чувар на мрежата, исто како и Арсенал, а не се исклучува ниту можноста Јувентус да го доведе Донарума како наследник на Џиџи Буфон, кој следното лето ќе ја заврши својата кариера.

Се вчитува...