Рубен Дијаз и Манчестер Сити заедно до 2027 (ФОТО)

Манчестер Сити и најдобриот фудбалер за претходната сезона во Премиерлигата, Рубен Дијаз ја продолжија соработката до 2027 година, потврди клубот.

Дваесетичетири годишникот во редовите на „граѓаните“ пристигна во септември 2020 година од Бенфика и веднаш се наметна како еден од најдобрите фудбалери на овој клуб. За клубот од Манчестер одигра 54 натпревари во сите конкуренции.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор. Уживав во секоја минута помината во Манчестер. Настапите за Сити ги надминаа сите мои очекувања и навистина е неверојатно тоа што сум дел од ваков тим. Сакам да им се заблагодарам на Пеп и останатите тренери за тоа што ме направија добар играч и постојано ме поттикнуваат да бидам уште подобар“, изјави Португалецот.

Се вчитува...