Рубиалес продолжува да се глупира: Сексуален напад? Само бакнеж меѓу пријатели

Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес изјави дека никогаш не вршел притисок врз играчката Џени Хермосо во аферата „принуден бакнеж“ и истакна дека не може да разбере оти тоа може да се квалификува како сексуален напад.

„Никој нема да може да докаже дека која било член  на Федерацијата  изврши чин на принуда (на Џени Хермосо)“, рече Рубиалес во интервјуто емитувано во средата. 

Шпанското обвинителство неодамна побара две и пол години затвор за Рубиалес, што го отвори патот за можно судење.

Обвинителството бараше една година за сексуален напад, за бакнување на Џени Хермосо во уста по победата на Шпанија во финалето на Светското првенство во август минатата година, како и една и пол година затвор за принуда, кривично дело притисок врз фудбалерката која не се согласила на такво нешто. За истото кривично дело принуда во овој случај се гонат уште три лица од Шпанскиот фудбалски сојуз.

„Не можам да разберам како ова може да се квалификува како сексуален напад. Бакнежот се случи по освојувањето на Светското првенство меѓу двајца пријатели“, рече Рубиалес.

Се вчитува...