Рубљов триумфираше во финалето на Хихон опен – Oже-Алијасим ја покори Фиренца (ВИДЕО)

Андреј Рубљов со 6-2 и 6-3 го совлада Америкнецот Себастијан Корда во финалето на Хихон опен, триумф по кој ја освои својата четврта титула во 2022 година и вкупно дванаесетта во кариерата.

Имајќи предвид дека тениската сезона се доближува до завршните Мастерс турнири и завршниот Мастерс Куп во Торино, играчите се борат со последните атоми на сила за што подобро рангирање.

Меѓу сите нив се наоѓа и неуморниот Феликс Оже-Алијасим, кој се бори за секој бод, а со цел да влезе меѓу осуммината најдобри кои ќе се борат за последниот трофеј оваа година. Канаѓанеецот го освои својот втор АТП трофеј, откако со 6-4, 6-4 го надигра Американецот Џеј Џеј Вулф и го освои Фиренца опен.

Оже-Алијасим сега е седми на АТП трката за Торино со 180 поени повеќе од Американецот Тејлор Фриц.

Се вчитува...