Руд ван Нистелрој седнува на клупата на ПСВ Ајндховен

Легендарниот холандски напаѓач, Руд ван Нистелрој би требало да го презеде холандскиот гигант ПСВ Ајндховен, пренесуваат холандските медиуми. Тој би требало на клупата да го наследи сегашниот тренер Роџер Шмид кој најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти тимот од Ајндховен.

Иако ПСВ во моментов е на втората позиција на табелата во Холандија и се бори за титулата со големиот ривал Ајакс, а во Лигата на Европа се квалификуваше во четвртфиналето, сепак од тимот од Ајндховен се подготвени да направат промена на клупата.

Руд ван Нистелрој во моментов го води младинскиот тим на ПСВ, па се очекува со неговото доаѓање во првиот тим да повлече и неколку играчи кои веќе добро ги познава.

 

Се вчитува...