Руди Фернандез ја завршува професионалната кариера

Еден од најдобрите шпански кошаркари во изминатите две децении, Руди Фернандез објави дека на крајот на сезоната става крај на својата професионална кариера.

Шпанците летово ќе играат пред своја публика квалификации за пласман на ЛОИ, па доколку екипата не избори пласман во Париз, тоа ќе биде негов последен настап. Доколку Шпанија се квалификува за игрите, крајот на својата богата кариера Фернандез ќе го има во Париз.

Фернандез во кариерата настапуваше за екипите на: Хувентут, Портланд, Денвер и Реал Мадрид. Во репрезентацијата на Шпанија освои три медали на ЛОИ (две сребра и една бронза), како и на двапати Светското првенство и дури четири пати европската титула.

Се вчитува...