Руди Фернандез му останува верен на „кралот“

Искусниот шпански кошаркар Руди Фернандез го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022 година. Претходниот договор на Фернандез беше со важност до крајот на сезоната, а „кралевите“ одлучија да го задржат еден од најдобрите европски кошаркари во последната деценија.

Фернандез прв пат беше дел од „кралскиот клуб“ во 2011 кога во НБА имаше лок-аут. Тој повторно се врати во Мадрид во 2012 со кого на два пати ја освојуваше Евролигата во 2015 и 2017 година. Сезонава тој забележа 18 настапи во Евролигата во кои просечно бележеше по 8,3 поени, 2,3 скока и 2 асистенции.

Се вчитува...