Руди против новиот странец на Шпанија: Не ни треба Лоренцо Браун, имаме наши „деца“

Одлуката на Шпанската Кошаркарска Федерација да му даде пасош на Лоренцо Браун предизвика бурни реакции во спортската јавност на оваа земја.

Селекторот Скариоло и претседателот на федерацијата Гарбахоса се решија на ваков чекор по повлекувањето од репрезентацијата на Родригез и повредата на Рики Рубио, но во Шпанија владее став дека Американецот нема да и донесе ништо добро на „црвената фурија“.

Последниот што јавно го критикуваше овој потег е капитенот на репрезентацијата, Руди Фернандез, кој јасно стави до знаење дека е погрешно да се споредува доаѓањето на Браун со она на Миротиќ и Ибака во репрезентацијата пред неколку години.

„Како капитен бев консултиран од федерацијата и јасно му ставив до знаење на претседателот Гарбахоса дека не се согласувам со изборот на нов странец. Мислам дека е погрешно што се носи играч што нема никаква врска со нашата кошарка, во ситуација кога имаме домашни играчи кои заслужуваат шанса во репрезентацијата. Не сум против странци, како што беа Миротиќ и Ибака, но тоа беа играчи кои минаа многу години во Шпанија, се приспособија на нашиот начин на живот, на шпанската кошарка и со самото тоа експресно се вклопија во репрезентацијата“, изјави Руди Фернандез.

Се вчитува...