Варан потврди: Си одам од Манчестер Јунајтед, клубот во кој се вљубив од првиот ден кога дојдов

Рафаел Варан и дефинитивно на крајот од сезонава ќе си замине од Манчестер Јунајтед, откако францускиот дефанзивец преку својот профил на социјалните мрежи се збогуваше од англискиот фудбалски гигант.

Французинот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2021 година од редовите на Реал Мадрид, имаше добри настапи за „црвените ѓаволи“, но не успеа да помогне тимот да се врати на посакуваните патеки и повторно да освојува трофеи на англиската фудбалска сцена. Тој уште во јануари донесе одлука да не преговара за нов договор, а зад неговото име остануваат 93 настапи во дресот на Манчестер Јунајтед.

„До сите навивачи на Манчестер јунајтед, ова беа фантастични нколку години во кои играв за специјален клуб. Првиот пат кога излегов на „Олд Трафорд“ како играч на Манчестер Јунајтед, чувството беше ненормално, атмосферата невероајтна. Се вљубив во клубот, во фановите, мора да играте за Манчестер Јунајтед за да разберете што всушност претставува овој клуб. За моите деца, ова е дом, за мене секогаш ќе биде специјално место“, порача Варан.

Французинот речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, каде неколку клубови подготвија богати понуди за да го доведат Варан во своите редови.

Се вчитува...