Румениге го крена гласот против фудбалерите: Премногу пари земате за да плачете…

Карл-Хајнц Румениге ги разгоре страстите во германската фудбалска јавност откако во разговор за „Билд“ говореше за честите поплаки од фудбалерите за згуснатиот распоред на натпревари и се понапорниот распоред што го имаат од година во година.

Тренерите цврсто застануваат зад играчите во барањата за кратење на календарите, но Румениге е со поинаков став – сметајќи дека играчите најпрвин ќе треба да ги намалат личните барања кога преговараат за плати, па потоа да може да дискутираат и за календарот.

„Искрено, ми пречи што толку многу се плаче за календарот, за тоа колку многу натпревари играат. Нашите играчи мора да престанат со тоа „кукање“, јас лично сум сведочел на бројни преговори и темата е секогаш иста – дајте ми уште пари, сакам поголема плата, заслужувам зголемување… Како мислат сите дека треба да добијат повеќе пари, тие пари мора да дојдат од некаде… Не велам дека календарот е во ред, но тоа е замка што фудбалерите самите си ја поставија. Границите на финансиите не се бесконечни, па затоа мора да се најдат нови натпреварувања преку кои ќе се прават пари, за да се покријат сите трошоци во фудбалот. Како што е на пример клупскиот мундијал. Имав различни состаноци со Чеферин, јас секогаш јасно велам – мора да се седне на маса, синдикатот на фудбалери, менаџери, клубови… и да се најде заеднички јазик при што секоја страна ќе направи одредени отстапувања“, порачува Румениге,

Се вчитува...