Репрезентацијата на Англија доминантно се квалификуваше за Светското првенство, во квалификациската група К, пред Албанија и Србија.
Тие ја покажаа својата сила пред две вечери во дуелот против нашиот северен сосед, а има многу шпекулации меѓу локалната јавност за тоа кого тренерот Томас Тухел ќе го одведе во САД, Канада и Мексико.
Во овој поглед, интересна беше забелешката на поранешниот репрезентативец на Англија и капитен на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, кој во својот подкаст „Шоуто на Вејн Руни“ рече дека Џек Грилиш дефинитивно нема да биде меѓу патниците на Светското првенство.
„Тој е слободен да резервира летен одмор бидејќи нема да биде во составот за Светското првенство“, рече Руни.
Грилиш, кој игра за Евертон, има 39 настапи и четири гола за Англија, но не играл за репрезентацијата повеќе од една година. Оваа сезона собра четири асистенции и постигна еден гол во таборот на „каламерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

