Руни: Имам некое чувство… Јунајтед навистина може до титула

Менаџерот на Дерби Каунти, Вејн Руни вели дека неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед може сезонава да ја освои титулата во Премиер-лигата. Руни во ерата на Сер Алекс Фергусон со Јунајтед пет пати го освојуваше англискиот шампионат, а верува дека овој тим има сила да го врати трофејот на „Олд Трафорд“.

„Ова е првпат по неколку години каде Манчестер Јунајтед е во позиција да ја освои Премиер-лигата и искрено верувам во тоа. Пред шест недели им кажав на колегите тренери дека имам некое чувство дека Јунајтед ја освојува Премиер-лигата сезонава. Кога ги гледам едноставно ја чувствувам таа возбуда која ја имав додека играв“, вели Руни. 

Оле Гунар Солскјер е на добар пат да направи нешто што не им успеа на неговите претходници, Дејвид Мојс, Луј ван Гал и Жозе Мурињо.

Се вчитува...