Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни гостуваше во подкастот на Роб Буроу, поранешниот репрезентативец во рагби каде говореше на повеќе теми, а една од нив беше и потешкотиите во кариерата.
Англичанецот кој со само 16 години ја започна професионалната кариера во Евертон, со 17 години прв пат настапи за репрезентацијата на Англија и оствари трансфер во Манчестер Јунајтед на 18 годишна возраст откри дека стресот го лечел со алкохол, а го допрел и дното.
„Кога имав 20 години алкохолот ми служеше како начин за опуштање. Во еден момент се повлеков, се затворив во куќа неколку дена и пиев додека не се онесвестив. Не се дружев со многу луѓе тогаш, се срамев. Се чувствував како да сум разочаран сам од себе, не знаев како да се носам со притисокот. Доколку не прифаќате помош и совет од други луѓе многу лесно доаѓате до ситуација да го допрете дното. Тоа ми се случи мене во тие години. Среќа, денеска повеќе не се плашам да говорам за проблемите кои ме мачат“, вели Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА