Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни го советуваше еден од најдобрите фудбалери на денешницата Килијан Мбапе дека Манчестер јунајтед е најдобар избор за него. Килијан Мбапе блесна на Мундијалот откако постигна хет-трик во финалето, но и тоа не беше доволно Французите да ја одбранат круната, откако беа поразени по изведување на пенали од Аргентина.
Претходно одличниот 24-годишен фудбалер реши да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, потпиша нов двегодишен договор, со опција за продолжување на уште една година, за што сам ќе одлучи подоцна.
Многумина имаат различно мислење за тоа како треба да изгледа кариерата на Мбапе. Меѓу другите, легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед смета дека Французинот треба да потпише за еден од двата клуба – англискиот гигант од „Олд Трафорд“ или Реал Мадрид.
„ПСЖ не е адекватен клуб за него. Мислам дека треба да оди во Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид, тие би биле совршени за него“, изјави Руни.
Реал сигурно е тим кој во моментов би можел да ги исполни амбициите на Мбапе, прашање е дали Манчестер Јунајтед е на тоа ниво. „Црвените ѓаволи“ сепак не успеваат да се вклучат во борбата за титулата во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА