Руни: Му посакувам на Роналдо се најдобро, не сум изненаден од одлуката на Јунајтед

Роналдо и Манчестер Јунајтед вчера официјално се разделија. Контроверзното интервју пред неколку дена го чинеше Португалецот отказ од „Олд Трафорд“, откако во интервјуто кое донесе многу полемики, навреди дел од сегашните, и од поранешните играчи на Јунајтед.

Португалецот зборуваше и за легендарниот Вејн Руни, и кажа дека му љубомори затоа што бил поубав од него.

Откако го доби отказот, сега Вејн Руни зборуваше за Роналдо. Кажа дека не е изненаден од отказот кој го добил, но му посака на Португалецот се најдобро во кариерата.

„Не сум изненаден од оваа одлука на Манчестер Јунајтед. Немаше друг избор, но штета. Фантастичен фудбалер е, кој многу придонесе за клубот. Му посакувам се најдобро каде и да ја продолжи кариерата“, рече Руни.

Се вчитува...