Руни: Не ми треба Лингард во ДиСи Јунајтед

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Јуни кој во моментов е тренер на ДЦ Јунајтед во МЛС-лигата во САД, се осврна на гласините дека неговиот клуб ќе го купи Џеси Лингард.

Лингард, кој е негов поранешен соиграч од Јунајтед, е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Нотингем Форест. Но, Руни тоа не планира да го искористи.

„Не знам од каде се тие приказни. Апсолутно не не интересира Лингард“ – изјави Руни.

Се вчитува...