Руни откри зошто Пике не успеа во Манчестер Јунајтед

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, откри зошто Жерар Пике имаше „кратка авантура“ на „Олд Трафорд“. Пике се прослави со настапите во Барселона каде стана еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, но почетокот на неговата кариера не беше од соништата.

„Со гостувањето во Болтон заврши неговата авантура во Јунајтед. Беше млад и фудбалерите на Болтон го малтретираа. Мислам дека тогаш Фергусон одлучи да оди понатаму, без него. Физички не беше подготвен за Премиер-лигата. Се сеќавам дека Видиќ пред мечевите со Болтон се подготвуваше како да ќе игра против Дрогба, физички беа неверојатен тим“, изјави Руни. 

По неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, Пике се врати во Барселона.

Се вчитува...