Руни со совет до Јунајтед: Пуштете го Роналдо

Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни апелираше на раководството на тимот да го продаде Кристијано Роналдо. Португалскиот фудбалер ова лето се поврзуваше со повеќе клубови, но вчера беше на клупата за резерви и влезе во вториот дел од средбата со Брајтон, која Манчестер ја загуби на домашен терен.

Руни смета дека овој тим со или без Роналдо, и натаму не е подготвен да се бори за титули.

„Мислам дека Јунајтед треба да го пушти Роналдо. Не дека Роналдо не може да игра во тимот. Тој може да игра во било кој тим, и секогаш ќе постигнува голови“, рече Руни и додаде:

„Лично мислам дека овој тим на Јунајтед не е подготвен да се бори за титули и треба да се формира тим кој ќе атакува на првенството за 3-4 години“, смета Руни.

Тој вели дека мора да му биде дадено време на Ерик Тен Хаг да го комплетира тимот, но дека мора да се истрпи.

Се вчитува...