Руни: Солскјер мора да почне да освојува титули

Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед создаде дополнителен притисок врз менаџерот Оле Гунар Солскјер да ја освои титулата во англиската Премиер лига, изјави поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни.

Целото лето, што се однесува до трансферите, беше сензационално за клубот од Олд Трафорд. Откако дојдоа Џејдон Санчо и Рафаел Варан, сега пристигна и Кристијано Роналдо, па очекувањата се големи.

„Кристијано е еден од најдобрите играчи во светот, освои титули каде и да играше досега. Тој и понатаму сака да биде најдобар, затоа сум убеден дека ќе има големо влијание врз играта на Јунајтед оваа сезона. Оле Гунар сега е во позиција да започне да освојува титули, со оглед на тоа каков тим има“, изјави актуелниот менаџер на Дерби Каунти и поранешен напаѓач на Манчестер, Вејн Руни.

Во последниот натпревар Јунајтед го совлада Вулверхемптон на гости со 1-0, што постави рекорд во Англија, со дури 28 натпревари по ред на гости, во кои останаа непоразени.

Се вчитува...