Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја критикуваше трансфер политиката на својот поранешен тим нарекувајќи ја како „ужасна“.
Тој се осврна на трансферите на Ромело Лукаку, Златан Ибрахимовиќ и на Пол Погба, сметајќи дека на тимот не му требале толку скапи фудбалери кои биле без ефект.
„Трансфер политиката на Манчестер Јунајтед до минатото лето беше ужасна. Само потпишуваа големи имиња, а немаше никаков ефект. Погледнете ги Лукаку, Златан, Погба. Тоа се добри играчи, но клубот само доведуваше имиња, и трошеше огромна сума на пари на нив. Ќе биде потребно време да се исправат овие грешки“, рече екс голгетерот на „Црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

