Рушту: Сега ретко зборувам, си ги штедам белите дробови…

Рушту Речбер неколку дена се бореше за својот живот откако состојбата на легендарниот турски голман сериозно се влоши поради коронавирусот. Тој мина 72 часа во одделението за интензивна нега во една од клиниките во Истанбул, каде со помош на лекарите ја доби најважната битка, а Рушту во првата изјава за медиумите се осврна на борбата со болеста.

„Не можев да земам здив, имав висока температура што никако не можев да ја спуштам. Сепак, останав со позитивен дух, ниту за момент не помислував на смрт бидејќи бев убеден дека моето тело ќе одговори позитивно на третманите на медицинските лица. На крајот, токму тоа се случи и јас излегов како победник од таа борба со болеста. Сега сум исцрпен, целото тело ме боли бидејќи третманите воопшто не беа лесни. Се чувствувам се подобро секој нов ден, но се уште ми недостига сила. Се обидувам да не зборувам премногу, ги штедам белите дробови“, истакна Рушту за турските медиуми.

Рушту Речбер во својата богата кариера во Турција настапуваше за Анталија, Фенербахче, Истанбул и Бешикташ, а извесно време мина и на голот на Барселона.

Се вчитува...