Русија и Белорусија суспендирани и од светската атлетика

Светската атлетика поради руската инвазија на Украина, забранила на атлетичарите и атлетичарките од Русија и Белорусија да настапуваат на сите натпреварувања под покровителство на светската атлетска федерација. Прво натпреварување на кое спортистите од овие две земји нема да може да настапуваат е Светското првенство во сала во Белград од 18 до 20 март.

Руската атлетска федерација е суспендирана уште од 2015 година отако биле откриени бројни афери на руски атлетичари, за кои била вклучена и самата држава. Од таа причина руските спортисти не настапуваа на сите натпреварувања и на олимписките игри под своето знаме.

Официјално одлуката ќе биде соопштена следната недела. Претходно Русија и руските спортисти беа суспендирани од фудбалот, одбојката, ракометот, кошарката.

Се вчитува...