Русија рутински против Јужна Кореја

Ракометарите на Русија стигнаа до триуфм над Јужна Кореја од 30-26 во натпревар од последното трто коло во Х групата од Светското првенство во Египет.

Русите го потценија Б-тимот на Јужна Кореја, а упорните Азијци успеаја на полувреме да заминат со нерешен резултат 15-15. Сепак, во вториот дел дојде до израз индивидуалниот квалитет на Русите кои стигнаа до вториот триумф на шампионатот. Корнев со пет гола беше прво име во репрезентацијата на Русија, додека кај Корејците Ким постигна осум гола.

Во вториот меч од 3. коло во групата Х, Словенија ќе се сретне со Белорусија.

Се вчитува...