Русите го хакирале и ИААФ

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) соопшти дека руската група „Фенси берс“ ги хакирала нивните документи.

ИААФ соопштува дека тоа се случило во текот на минатиот месец и дека цел биле документите за дозволите за употреба на терапевтските лекови (ТУЕ), но нема потврда дали е нешто украдено. За компјутерскиот напад извесетени се и спортистите кои аплицирале за ТУЕ.

„Наш приоритет е спортистите да бидат заштитени и сигурни. Искрено им се извинуваме, целосно сме посветени да направиме се што е во наша моќ да ја поправиме ситуацијата и работиме на тоа со најдобрите организации во светот“ – изјави претседателот на ИААФ, Лорд Коу.

Групата „Фенси берс“ минатиот септември „влезе“ во базата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) и ги обелодени имињата на спортистите кои употребувале забранети лекови, но со дозвола на ВАДА.

Се вчитува...