Русите го завршија најчудниот стадион во светот: Стадион за потсмев… (ВИДЕО)

Стадионот во Русија за Мундијалот следната година кој од почетокот на реконструкцијата предизвикува потсмев конечно е завршен.

Согласно правилата на ФИФА, стадионите за СП мора да имаат најмалку 35.000 седишта, па поради тоа стадионот во Екатеринбург мораше да претрпи големи реконструкции за да и на него се игра фудбал. Но, резултатот е ужасен поради кој се смее целиот свет.

Централниот стадион имаше капацитет од 27.000 седишта, а Русите неопходниот капацитет го достигнаа со две нови големи трибини кои излегуваат надвор од габаритот на стадионот. Тешко дека „несреќници“ кои ќе имаат билети за тие трибини ќе се нагледаат фудбал на Мундијалот.

stadion 2

Но, откако руските планери ја згрешија една трибина на едната страна од стадионот се одлучија за уште една таква. „Екатеринбург арена“ на крајот од реконструкцијата има две такви трибини кои се без кров и надвор од габаритот.

Двете нови трибини имаат вкупно 12.000 седишта, па вкупниот капацитет на стадионот на крајот од работите е 35.696 седишта…

Но, најдоброто околу целата оваа „рашомонијада“ следи потоа. Двете трибини по завршувањето на СП ќе бидат отстранети а стадионот ќе остане со 23.000 седишта. Целата оваа прескапа градежно-антиестетска сага се одвива како би се одиграле само четири натпревари на СП: Египет – Уругвај, Франција – Перу, Јапонија – Сенегал и Мексико – Шведска.

Но, за Владимир Путин од посебно значење е одржувањето на СП и во овој град. Екатеринбург е единствениот град од азискиот дел на Русија на кој ќе се игра Мундијалот.

Се вчитува...