Руски второлигаш испрати понуда за Роналдо

Фудбалскиот клуб од Москва на шега го покани Кристијано Роналдо да игра во Русија.

Во контроверзното интервју со Пирс Морган, славниот Португалец ги критикуваше Манчестер Јунајтед, сопствениците и менаџерот на клубот Ерик тен Хаг. Според медиумите, клубот од „Олд трафорд“ подготвува документи за раскин на договорот со 37-годишната фудбалска ѕвезда.

По тој повод, рускиот второлигаш Родина од Москва преку социјалната мрежа Телеграм му се обрати на Кристијано Роналдо.

„Кристијано, во едно неодамнешно интервју критикуваше речиси се. Забележавме дека не кажа ништо лошо за ФК Родина. Се чини дека не сте среќни во Манчестер Јунајтед и дека сте подготвени за нов предизвик. Ве очекуваме во зимскиот преоден рок во нашиот клуб и како скромен бонус даваме попуст на вториот пијалок на ‘Хмељ и Солод’. Артем Поникаров дури ќе ви го предаде омилениот број 7. Но, имајте на ум дека ќе треба да се борите за место во стартниот тим покрај Астемир Гордјушенко и нашите други момци“ , се вели во соопштението на клубот.

Кристијано Роналдо има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2023. Сезонава одигра 16 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна три гола и забележа две асистенции.

Се вчитува...