Рускиот „тепач“ се откажа од 2,5 милиони евра и потпиша за Фиорентина

Фиорентина договори засилување за навалната линија доведувајќи го на „Артемио Франки“ поранешниот руски репрезентативец Александар Кокорин. Проблематичниот голгетер стана славен поради незгодниот темперамент откако поради тепачка во Москва доби и затворска казна од една и пол година, по што мина извесно време зад решетки, пред затворската казна да биде сменета во условна.

Кокорин по излегувањето од затвор потпиша договор со Спартак Москва, но не се наметна во првиот тим настапувајќи на десет натпревари, притоа поатигну.  Интерес за неговите услуги покажаа неколку клубови од Русија, но голгетерот реши да си замине од татковината и потпиша договор со Фиорентина, притоа откажувајќи се од 2,5 милиони евра за овој трансфер да може да се реализира.

Се вчитува...