Рутина за Шкендија – мора да се мине Дачија!

Македонскиот вицешампион, екипата на Шкендија со предност од три гола (3-0) го очекува денешниот реванш натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа против Дачија во Кишињев.

Сосема е јасно дека очекувањата на целокупната македонска фудбалска јавност се Шкендија без поголеми проблеми да ја мине првата своја пречка на европската сцена и да обезбеди место во следната рунда натпревари. За тоа се свесни и во таборот на тетовци, но потенцираат дека нема да има никакво опуштање затоа што мора да се одиграат нови квалитетни 90 минути…

„Сигурно дека противникот нема да се предаде и ќе сака брзо да го отвори резултатот. Не се залажуваме дека ќе биде лесно и затоа треба да ја повториме добрата игра од првиот натпревар“ – вели капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани.

Доколку ја мине молдавската пречка, Шкендија во второто квалификациско коло за ЛЕ ќе игра со подобриот од пресметката меѓу велшкиот Конах’с и фински Хелсинки. Пред денешниот реванш Велшаните имаат предност од 1-0 по првиот натпревар кој го играа на домашен терен.

Се вчитува...